Со стартот на Новата Година и почетокот на месец јануари, доаѓа моментот од каде почнуваат промените, но за поединци промените започнуваат од декември и крајот на старата година.
Пејачот, композитор и уметнички директор во познато битолско кабаре, Димитар Андоновски е меѓу оние кое се решаваат на вториот чекор – чистка во декември пред почетокот на 2026 година.

Според она што го објави на своите профили од социјалните мрежи, некои свои навики, а и постапки на одредени ликови, направиле кај Диме да се „прелие чашата“ и да дојде време да се каже доста на се’!
Во својот статус тој директно им посочи на оние засегнатите кои веројатно ќе се пронајдат, дека периодот пред него ревносно ќе се даде да направи апсолутна промена, а нив да ги нема во истата.
-Денес, после долго одложување и барање оправдувања, конечно донесов одлука – целосно да го сменам мојот начин на живот. Ова не значи дека нема да уживам во животот, туку дека прво ќе се фокусирам на себе: на мојата фигура, моето физичко и психичко здравје, и на тоа да се исчистам од сите токсини и нездрави навики. Но тука не застанувам. Почнувам да се чистам и од токсични, неблагодарни и лажни луѓе околу мене – од оние што мислат дека ако молчам значи дека сум наивен или дека не ги гледам нивните намери. За среќа, луѓе имам на секаде, па муабетите стигаат, вистината секогаш излегува на површина. Јас сум човек кој трпи, молчи и дава шанса… но кога ќе се прелие чашата, разочарувањето е длабоко – и тогаш нема враќање назад. На сите ви посакувам убав ден. А на оние што полека ќе ги тргнам од мојот живот – знајте дека е затоа што не ја заслужувате ниту мојата почит, ниту моето присуство и пријателство. Да ми сте здрави и живи сите, порача Диме.

Инаку, Димитар Андоновски освен тоа што е целосно посветен на работата во студио и композирање нови поп мелодии за себе, за коелгите, содавање театарска музика, Диме неодамна го видовме и на фестивалската сцена на Макфест каде настапи со песната „Души две“.
Веруваме дека Новата 2026 ќе му почне така убаво како што самиот ќе си ја искомпонира, овој пат со аранжман од кој фокусот ќе го стави на себе и личната сатисфакција.
фото:Instagram printscreen/dimitarandon






