Џорџина Родригез, долгогодишна партнерка на Кристијано Роналдо, привлече внимание со новите фотографии во минијатурно црно бикини на кои ги покажа своите раскошни облини.
Таа предизвика лавина од лајкови и коментари, но има и такви кои ја критикуваат затоа што неодамна позираше во хиџаб, а потоа се разголи.
Георгина позираше во провокативна поза на песочна плажа во Дубаи, каде што ужива со пријатели, а веќе знаеме дека е одлична во привлекувањето на сите погледи, па нејзината објава собра милиони лајкови за рекордно време.
„Каков среќник е Роналдо…“, „Како сирена си“, „Совршена“… се некои од комплиментите што ги доби, но бидејќи објави слики од себе „закопчана“ од глава до пети за време на посетата на џамија претходно, луѓето ѝ напишаа: „Треба да се извини за фотографиите во бикини“, „Еден ден хиџаб, следниот ден полугола“, „Роналдо, кажи ѝ да се покрие“…
фото: printcsreen/instgaram/georginagio