Радио Милева свршеничкиот прстен во прв план

Џорџина Родригез со својот „глам“ изглед ги „заслепи“ присутните на филмскиот фестивал во Венеција

Џорџина Родригез со својот „глам“ изглед ги „заслепи“ присутните на филмскиот фестивал во Венеција

Свршеницата на Кристијано Роналдо блесна во Венеција на голем филмски настан.

На 82-от Филмски фестивал во Венеција се одржа премиерата на филмот „Татко Мајка Сестра Брат“, а парадата на познатите ѕвезди не нè разочара ниту овој пат.

Покрај гламурозните тоалети и креации, вниманието на јавноста го привлече само една – Џорџина Родригез, свршеница на фудбалерот Кристијано Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Се чини дека славеничката атмосфера по повод свршувачката сè уште ја „држи“ убавицата, а прстенот, кој чини помеѓу два и пет милиони долари, гордо е комбиниран со нејзините смели комбинации.

Имено, таа прошета по црвениот тепих во црна тоалета од тантела украсена со цветни детали и длабоко деколте. Покрај тоа, тоалетата ги истакнуваше бујните гради и облини, а забележлива беше и малата насмевка што им ја испрати на љубопитните фотографи.

Стајлингот го комплетираше со скапа огрлица, таканаречениот „чокер“, обетки и, секако, дијамантскиот прстен што го доби од нејзиниот сакан.

фото:Instagram printscreen / georginagio

To top