Радио Милева непрепознатлив

Џастин Бибер секој ден изгледа се’ полошо: Според многумина тој е пропаднат и запуштен (фото)

Џастин Бибер секој ден изгледа се’ полошо: Според многумина тој е пропаднат и запуштен (фото)

Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли се видени заедно за првпат по гласините за нивниот развод.

Џастин последниве денови предизвика реакции кај своите обожаватели кои изјавија дека се загрижени за неговата состојба и изглед, а претходната вечер тој излезе на вечера со сопругата.

За таа прилика Хејли облекла кожна јакна и хеланки кои ги искомбинирала со црни потпетици, додека Џастин носел зелена јакна и сив дуксер.

Својот „запоставен“ изглед и исцрпеноста што обожавателите ја забележаа на неговото лице ја прикри со очила за сонце и капа. Иако Хејли и Џастин беа видени заедно, тие се држеа на кратко растојание еден од друг, а Хејли на моменти одеше пред Џастин.

Џастин во последните денови изненадува со своите јавни настапи и со својот изглед, кој многу обожаватели го толкуваат како депресивен и „запоставен“.

Сите овие коментари во однос со него се дополнуваат поради поврзаноста со скандалот со Пи Диди.

фото: Instagram printscreen/justinbieber

To top