Пејачот Џенан Лончаревиќ искрено проговори за деталите од својот приватен живот.
Во јавноста со месеци се шушка за неговиот развод со поранешната сопруга Самира, но тој не сакаше да зборува за тоа, велејќи дека секоја грешка му е поука.
– Не би го променил мојот живот. Секоја грешка што сум ја направил е поука секако, за утре да не направам нешто слично. И дека можат да влијаат на сите оние што ги сакаат, за да не ја направат истата грешка – изјави Џенан.
View this post on Instagram
Лончаревиќ призна дека го погодуваат насловите за неговиот приватен живот, а призна дека и јавните личности се обични смртници.
-Ние сме под лупа, но ние сме обични смртници – изјави Џенан за ТВ Е.
Џенан Лончаревиќ и неговата сопруга Самира официјално се разведоа по дваесет и пет години брак, а како што дознаваме разводните документи ги потпишаа на 19 јули.
View this post on Instagram
Извор близок на сега веќе бившиот брачен пар откри дека по долги години разделено живеење, но и низа конфликти меѓу Лончаревиќ, е постигнат договор меѓу нив и дека успешно го поделиле имотот и старателството над децата.
фото:Instagram printscreen/