Принцезата беше фотографирана само неколку дена по враќањето на своите службени должности, кога ја одржа својата прва официјална средба на почетокот на оваа недела по повеќе од девет месеци надвор поради нејзината борба со ракот. На средбата таа разговараше за нејзиниот проект Ран детски развој, а присуствуваа членови на нејзиниот тим и претставници на Фондацијата.
Идната британска кралица, која минатата недела откри дека нејзиното лекување е завршено и дека полека ќе се враќа на кралските обврски, во интимното видео каде е заедно со сопругот, принцот Вилијам и нивните три деца, изјави дека со нетрпение го очекува враќање на должноста.
Kate seen in public for first time since cancer treatment ended https://t.co/t7k8wI3rIs
— BBC North East Scot (@BBCNorthEast) September 22, 2024
– Мојот пат до исцелување и целосно закрепнување е долг и морам да продолжам да го доживувам секој ден како што доаѓа – рече тогаш таа.
Таа тогаш рече дека ќе направи се што може и дека „живот без рак“ сега е нејзиниот „фокус“.
– Како што завршува летото, не можам да ви кажам какво олеснување е што конечно ја завршив хемотерапијата. Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот каков што знаете може да се промени за миг и моравме да најдеме начин да се движиме по бурните води и непознатиот пат. Борбата со ракот е сложена, страшна и непредвидлива за сите, особено за најблиските. Со понизност, исто така, ве доведува лице в лице со вашите сопствени слабости на начин на кој никогаш досега не сте размислувале, а со тоа ви дава нова перспектива“, рече принцезата минатиот месец.
фото:instagram printscreen/facebook/ X