Мегафон црковен празник

Денес се празнува Света маченица Параскева – Света Петка

Денес се празнува Света маченица Параскева – Света Петка

Денес Црквата ја прославува Света маченица Параскева, во народот позната како Света Петка – голема христијанска светителка, почитувана поради нејзината вера, смирение и чудотворна сила.

Родена во богато и побожно семејство во Рим за време на владеењето на императорот Антонин, Параскева уште од детството се посветила на Бога. Кога ги изгубила родителите, целиот свој имот го разделила на сиромашните и тргнала да го проповеда Христовото учење.

Поради својата вера била измачувана и маченички пострадала, но ниту болките ниту заканите не ја поколебале. Нејзиното име „Параскева“ значи „подготвена“, што симболично ја претставува нејзината духовна подготвеност за страдање и вечен живот.

Верниците ѝ се молат за здравје, сила и заштита од зло, а нејзиниот култ е особено распространет во православните земји на Балканот.

To top