Денес, Милица Павловиќ е една од најуспешните поранешни натпреварувачки на „Ѕвездите на Гранд“ и пејачки кои напорно работат на својата кариера уште од првиот ден.

Исто така, таа се смета за една од ретките природни естрадни убавици, а публиката ја освои без никакви проблеми во првата емисија од споменатиот натпреварувачки ТВ формат.

Денес сите ги слушаат нејзините песни, а многумина заборавиле како изгледала на првата аудиција кога се претставила пред жирито на најгледаното регионално музичко ТВ шоу.

На социјалните мрежи се појави фотографија од првото јавно појавување, кога Милица беше вистинско мало девојченце. Црвенокосата провинцијалка со румени образи и голем сон, храбро застана пред жирито и веднаш ги освои нивните срца, а малку подоцна и гледачите и публиката низ целиот регион.

Фото: Инстаграм/senoritamilicamusic







