Познатата брачна двојка Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски вчера има еден ултра возбудлив и необичен ден каков досега немале.
Тие за првпат си дочекаа да му прават роденден на своето синче Киан кое наполни една година.
Првата помисла е дека времето брзо лета, децата си растат, а како да беше вчера кога мама и тато објавија дека на свет дошол нивниот наследник.
Сега веќе проодено бебенце, со никнати запчиња, полно енергија за спознавање на се’ околу себе.
-Дете мое. Нашиот Киан денес полни една годинка… За нас најубава годинка, не знам што би правеле да не си ти! Мама и тато те сакаат најмногу на цел свет. Биди ти секогаш среќен и насмеан!- пишува среќната мајка во описот на специјалните фотографии од роденденската тематска фотосесија која ја направија по овој повод.
Мало електрично пијано и миктофон беа реквизитите кои ги употребија, а малиот беше заинтересиран за игра и со двете, така што нема делба за тоа дека повеќе би сакал во иднина да пее или да свири, но може да бидат и двете.
Прв родендн и прво јавно претставување на Киан пред јавноста, а како што во една прилика изјави Антониа, Киан е слика и прилика на тато Роберт.
Среќен роденден!
фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa
and jokerdam93