Љубов и секс

Делови од машкото тело кои се најпривлечни за жените

Делови од машкото тело кои се најпривлечни за жените

Секојдневно сме опкружени со фотографии од совршени тела, а одразот во огледалото често не е она што сакаме да го видиме. Ваквите работи кај нас можат да разбудат разочарување и недостаток на самодоверба. Сепак, сите сме луѓе и тоа е нормално. Секако дека и луѓе Крис Хемсворт гледаат некои недостатоци кај себе. Мораме да разбереме дека најголемиот дел од тоа е само во нашата глава и дека партнерите тоа не го доживуваат така.

Покрај недостатоците, сите ние имаме некои делови од телото кои ги сакаме. Тоа може да бидат рацете, грбот, косата… кој било дел од телото. Како што ги имаме омилените делови од телото на себе, така ги имаме и на другите луѓе. Често можеме да слушнеме како мажите велат дека ги привлекуваат жени со долги нозе, полни усни, бујна коса. И жените имаат омилени работи кај мажите. Иако веројатно веднаш помисливте дека тоа се плочките на стомакот и висината, ќе се изненадите дека не е баш така.

Постојат четири делови од машкото тело кои најверојатно ќе им го привлечат вниманието на жените, а можеби ќе се изненадите од она што го нема на списокот.

Торзо
Според едно истражување од 2017 година спроведено онлајн од здравствениот сервис dr. Felix, 24% од жените сметаат дека градите се најатрактивниот дел кај машките, а 13% се одлучиле за пределот на стомакот, што значи дека торзото е најпривлечниот дел од телото. Но, тоа не значи дека ова важи само за тело извајано во теретана како некој Адонис, но антропологот од Јеил, Ричард Брибескас, тврди дека е многу поверојатно жените да ги сметаат мажите со стандардно тело за попривлечни.

Очи
Без разлика дали се тоа ледените сини очи на Дејвид Ганди или чоколадните очи на Идрис Елба, жените се заљубуваат во погледот. Но, не се сите очи исти и не секој поглед е заводлив. Лимбалниот прстен – или делот каде што ирисот се среќава со белките на вашите очи – може да има различна боја од вашето око. Истражувањето од 2011 година на Дарен Пешек од Универзитетот во Калифорнија покажа дека мажите со темен лимбален прстен се сметаат за попривлечни.

И додека не можете да направите многу за големината на очите, истражувањето на д-р Канг Ли, психолог од Универзитетот во Торонто, покажа дека луѓето со „просечна“ големина и положба на очите се сметаат за најпривлечни. Нашиот мозок е програмиран да бара „математички просечни“ карактеристики бидејќи тие укажуваат на разновиден сет на гени и подобро репродуктивно здравје. Оптималниот простор помеѓу очите и устата треба да биде околу една третина од должината на лицето, а растојанието помеѓу очите треба да биде нешто помало од половина од ширината на лицето.

Раце
Ова можеби е една од работите што ги очекувавте, но не целосно. Во истражувањето на dr. Felix, рацете добија 19% од гласовите како најпривлечен дел од телото на мажите. Сепак, не се само големите бицепси што ги прават привлечни. Големите и крупни надлактици можеби некогаш биле знак на алфа мажјаците, но овие денови жените го претпочитаат Рајан Гослинг пред Жан-Клод Ван Дам.

Грб и рамена
Во студија од 2013 година објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences, истражувачите дошле до откритие што треба да влијае на вашата рутина во теретана. Студијата побарала од жените да го изберат саканиот тип на тело од прикажаните 3D фигури. Иако жените често се одлучувале за повеќе и подобро надарени фигури (типично…), научниците открија и изненадувачки факт – силен сооднос на рамената и колковите. Со други зборови, широк грб во форма на V ќе ве направи попривлечни.

извор:попара.мк
фото:Freepik

To top