Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, кој важи за еден од најпосакуваните мажи на планетата, уште еднаш предизвика „бунило“ на социјалните мрежи.
Имено, многу дами би се согласиле дека тој е како виното – колку е постар, толку подобро, а овој пат, иако не покажуваше никакви адути на телото, што обично го прави често за да ги „почести“ своите обожаватели, со овој потег привлече подеднакво големо внимание.
Имено, тој на својот официјален Инстаграм профил објави видео на кое се гледа како ги поминува празниците во семејниот дом. И можеби многумина би биле изненадени, но тој тоа го прави „како и остатокот од нормалниот свет“.
Така може да се види како поранешниот британски фудбалски репрезентативец со голем нож во рака среќно подготвува вечера за своето семејство, вешто сечејќи совршени парчиња мисирка.
Како што истакна, месото го приготвувала неговата сопруга Викторија Бекам.
– Традиционално сечење мисирка која мама ја печеше цел ден. Многу ве сакам, Среќен Божиќ на сите – напиша Бекам со објавата на Инстаграм, а потоа во неа ги спомна сите членови на семејството – ќерката и двата сина и сопругата на постариот син Бруклин Бекам, Никола Пелц.
View this post on Instagram
По објавата на Бекам следеа бројни коментари, додека за само 12 часа повеќе од 1,1 милион луѓе го лајкнаа неговото видео. Имаше многу реакции, па луѓето му посакаа се најдобро за празникот со се: Среќен Божиќ.
– Каков маж.
– Твојот глас е нереален.
– Среќен празник.
– Ти си сон на секоја жена – беа реакциите на воодушевените следбеници на Бекам.
Да потсетиме, Дејвид е во брак со Викторија Бекам од 1999 година и како што стојат работите кај нив се е во најдобар ред и покрај тоа што пред неколку години се шпекулираше дека нивната врска е во криза.
Во пракса се покажа дека тоа не е така, а тие преживуваат и покрај предизвиците.
Инаку, во најновото видео можете да видите и дел од домот на Бекамови, чие богатство се проценува на околу 450 милиони долари, а кој, според сите сметки, изгледа повеќе од бајка.
фото: printscreen/Instagram/davidbeckham