Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев е еден од најуспешните фудбалери во историјата на македониксиот фудбал човек и спортист зад своето име и презиме во својата кариера има неверојатни бројки и резултати.
Блесна во Вардар како голобрадо момче со неполни 17 години, за потоа најблескавите моменти во својот живот ги доживее во белградска Црвена Звезда.
Важеше за страв и трепет за противничките голмани, а во својата кариера освен за двата клуба кои ги наведовме настапуваше уште за Интер, Лајпциг, Фортуна Дизелдорф и Сион.
„Јасно е за кого ќе навивам. Црвена Звезда и Вардар каде што пораснав за и за мене значат се. Не само во фудбалот, туку и во животот. Почетоците во Вардар и блесокот, а најубавите фудбалски моменти кои ги доживева беше Црвена Звезда“, започна Панчев.
Во продолжение проследете го комплетниот разговор за ЕМ Медија кој колегите од порталот Курир.мк го направија со нашата фудбалска легенда.