Радио Милева им се може

Дарко Лазиќ на сопругата и купи бесна машина – Катaрина пресреќна (фото)

Дарко Лазиќ на сопругата и купи бесна машина – Катaрина пресреќна (фото)

Дарко Лазиќ изненади кога на социјалните мрежи објави фотографија од сопругата Катарина на која и подари нов автомобил.

Имено, Лазиќ на Инстаграм сподели фотографија на која Каќа позира седната на багажникот на нов автомобил „Ауди“ вреден неколку десетици илјади евра, додека во рацете држи букет црвени рози.

Дарко со оваа фотографија потврди дека на сопругата и купил скап автомобил, а со објавата песната „Јас секогаш ќе бидам таму за тебе“ и ја посвети на Катарина.

Да потсетиме, Дарко и Катарина го кажаа судбоносното „Да“ минатата година, а пејачот по венчавката призна дека конечно ја пронашол жената на својот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

– Отсекогаш сонував да направам свадба затоа што пеев на големи свадби, но никогаш не можев да направам своја. Тоа е навистина посебно искуство за мене, а ако ме прашувате за личниот успех, јас сум неразделен од мојата сопруга. Се’ што правиме, правиме заедно и се’ славиме заедно – изјави Дарко неодамна за Гранд.

фото:Instagram printscreen/ darkolazicofficial

To top