Фолкерот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина најавија дека наскоро нивното семејство ќе биде побогато за еден член.
Катарина е во друга состојба и го чека своето прво дете, додека Дарко веќе ги има синот Алексеј и ќерката Лорена.
Дарко и Катарина ги собраа своите најблиски во Брестач за да ја прослават веста за новороденчето, а по тој повод со пријателите споделија дека очекуваат наследничка.
Каќа не ја крие среќата што наскоро ќе стане мајка. Таа преку социјалните мрежи сподели видео од прославата на откривањето на полот на детето. Камерата го снимила нејзиниот ултразвук и порака која открива кога треба да се породи.
– Ќе пристигне на 24 октомври – пишува на таблата зад тортата.
Наскоро таа сподели уште едно видео од прославата, а во описот напиша: „Ќе имаме здраво девојче“.
фото:Instagram printscreen/ katarinalazic_24