Промотер

Дарко Андонов и Тијана Периќ се заедно, ама само службено во – „Кога знам“ (ВИДЕО)

Дарко Андонов и Тијана Периќ се заедно, ама само службено во – „Кога знам“ (ВИДЕО)

Дарко Андонов или попознат како ДААН заедно со младата Тијана Периќ вчера, среда (03.04.2024) го промовираа новата песна и видеозапис насловена „Кога знам” – нумера во која доминира модерен и специфичен ритам.

Како автор на песната се појавува самиот Дарко Андоно, текстот го пишувале заедно со Кире Јакимов, кој го потпишува и аранжманот.

Дарко и Тијана велат дека ова е само почеток на нивната меѓусебна соработка и веќе се работи на неколку нови проекти кои публиката треба да ги очекува во тековната година.

Да потсетиме дека и ДААН и Тијана Периќ во претходниот период имаа објавено по неколку песни како солисти, меѓутоа ова е нивна прва заедничка соработка.

Инаку, како што наведува самиот Дарко, инспирацијата за текстот на песната е добиена од секојдневието на многу парови, кои се соочуваат со разни предизвици и одговорности во нивните врски, а исто така и недостатокот на посветеност и работа за една врска да опстои подолг период.

Музиката и аранжманот на самата песна се инспирирани од најновите музички трендови, каде доминира модерен и специфичен ритам, надополнет со музика во вистинска смисла на зборот. Целта на ДААН е да ги вклопи новите музички трендови со онаа вистинската музика која има оставено печат на овие простори.

Песната е снимена во студиото на Дарко Андонов, DAAN MUSIC PRODUCTION кое е лоцирано во Скопје.

Видеото за песната е работено во соработка со Дарко Димитриевски, а сценариото и режијата се на Дарко Андонов.

Инспирацијата за самото видео, како што вели Дарко, е и самиот текст на песната, со што е овозможено на публиката да ја почувствува песната како аудио, така и визуелно.

 

 

To top