Промотер

Дамир Пух „ја зачини“ својата гитарско – музичка колекција композиции со – „Saffron Skies“ (ВИДЕО)

Дамир Пух „ја зачини“ својата гитарско – музичка колекција композиции со – „Saffron Skies“ (ВИДЕО)

Македонскиот гитарски виртуоз и продуцент Дамир Пух го промовира својот најнов сингл – инструменталната композиција „Saffron Skies“, објавена на 7 мај 2025 година. Станува збор за целосно авторско дело во кое Пух се потпишува и како композитор и како продуцент, додека визуелниот приказ е резултат на соработката со режисерката Наташа Миха.

Со „Saffron Skies“, Пух продолжува да го гради својот препознатлив уметнички ракопис, надоврзувајќи се на звучниот правец поставен со албумите „Recollection“ (2017) и „Divergence“ (2022). Новиот сингл носи длабока емоционална тежина и носталгична боја, како враќање кон музичките корени и инспирациите кои го оформиле неговиот сензибилитет.

Музиката плени со богатство на гитарски текстури, суптилни динамики и кинематографска атмосфера – карактеристики кои веќе се заштитен знак на Пуховата работа. „Saffron Skies“ не е само композиција, туку емоционална разгледница испратена преку звуци, нудејќи интимен увид во внатрешниот свет на еден зрел и автентичен уметник.

Видеозаписот, пак, ја следи истата атмосфера – суптилно, но моќно визуелно надополнување на музичкиот наратив, кој ја доловува суштината на делото: тивка рефлексија, спокој и топлина наспроти саfron-боираниот хоризонт.

 

Со ова ново издание, Дамир Пух уште еднаш го потврдува своето место како еден од најинвентивните инструменталисти и автори на македонската музичка сцена.

 

 

To top