Љубов и секс

Дали сте знаеле дека прељубата знае за години? Еве кога сме најневерни и зошто

Дали сте знаеле дека прељубата знае за години? Еве кога сме најневерни и зошто

Едно годишно време се смета како најризично за неверство, а можете ли да претпоставите за кое станува збор?

Прељубата во врската или бракот е една од најчестите причини за раскинување, а сега се појавија и податоци кои покажуваат во кое животно доба и мажите и жените најмногу изневеруваат.

Резултатите од едно британско истражување покажале дека луѓето извршуваат најголем број неверства на 39 години.

Објаснето е и дека таа година за многумина претставува пресврт во животот бидејќи некои почнуваат да влегуваат во средовечна криза или бараат нови возбуди.

Истражувањето покажало дека сме најподложни на неверства во последната година од која било животна декада (19, 29, 39, 49 или 59). По добата од 39 години, најчеста година за неверство е кога имаме 49, а следната е кога имаме 29 години.

Студијата покажала и дека некои луѓе изневеруваат за да го придобијат вниманието на партнерот.

Што се однесува до годишното време, особено се опасни летните месеци бидејќи тогаш се случуваат 25 отсто повеќе прељуби од вообичаено.

Петте најчести причини за неверства, според ова истражување, се:

 

• Недостиг на возбуда во креветот (75%)

• Се укажала прилика за тоа (54%)

• Здодевност во врската (46%)

• Повторен контакт со стара љубов на социјалните мрежи (28%)

• Желба за промена (22%)

Фото: Free Pick

Извор: Tочка.мк

To top