Љубов и секс

Дали интимните односи се подобри наутро или навечер?

Дали интимните односи се подобри наутро или навечер?

Меѓу прашањата кои ги придружуваат интимните односи се наоѓа и она кое е поврзано со дилемата дали е подобро тие односи да ги имаме наутро или навечер? Блага предност се дава на еден термин, поради влијанието на хормоните и енергијата.

На почетокот на денот обично се има повисоко ниво на тестостерон и естроген, два хормони кои влијаат на желбата за интимност. Ова значи дека можеби сте порасположени и потенцијално поспособни наутро за секс каков посакувате.

Нивото на тестостерон кај мажите се надополнува преку ноќ и има тенденција да биде на највисоко ниво наутро и најниско навечер. Тестостеронот игра клучна улога во сексуалната функција на мажите. Зголемено ниво на тестостерон наутро може да обезбеди зголемено либидо, поголема возбуда и подобра ерекција.

Естрогенот е поврзан со женскиот сексуален нагон, а овие хормони исто така се на највисоко ниво наутро. На почетокот на денот кај жените најчесто има најголема потреба од интимни односи. Подобриот проток на крв може да значи и поголема чувствителност и поголемо задоволство.

Уште една причина зошто утринскиот секс може да биде подобар од вечерниот е енергијата. Наутро имате најмногу енергија, што значи дека би можеле да бидете поподготвени и поспособни за активностите во кревет.

Сепак, некои луѓе претпочитаат вечерна и ноќна интимност. Многумина утрото го поврзуваат со брзање, па се преоптоварени со размислување за сите работи кои треба да ги направат тој ден. Тој стрес може да го отежне возбудувањето.

извор:точка.ком.мк
фото:Freepik

To top