Радио Милева еуфорија

„Да се запази трендот“: Викторија Лоба ја покажа елката (фото)

„Да се запази трендот“: Викторија Лоба ја покажа елката (фото)

Крајот на старата и почетокот на новата година се сѐ поблиску, а тоа се моментите од годината кога домовите ширум светот се украсени на најубав можен начин.

Јавните личности почнаа да ги украсуваат своите новогодишни елки, а она што  остави впечаток е дека познатите се одлучија за речиси исто украсување.

Трендот да се редат само лампиони и украси на елката останува и оваа година, меѓутоа,  сега кај познатите  се најде и една новогодишна декорација која привлече внимание.

Русокосата од Нови Сад, пејачката Наташа Беквалац, избра елка до плафон, на која  стави  само светла во една боја, додека на елката се протегаше џиновска машна во пудра розова нијанса – едноставно и ефективно.

Тоа денес го направи и пејачката, инфлуенсерка и модел  Викторија Лоба која објави фотографија од домот и покажа како го украсила за претстојните празници. 

Лоба оваа година одлучила да не ја преполни елката со украси, па само ставила светилки и малку лампиони, а на врвот на дрвото исто како и Беквалац , закачила огромна машна  кој го зафаќа целиот преден дел од елката.

– Да се запази трендот. Уште неколку големи лампиони ми останаа да докупам – додаде таа во описот на објавата која ја сподели на кратката приказна на социјалната мрежа Инстаграм каде што редовно се огласува.

Времето тече,  годината си оди,  па Лоба им се обрати и на  следбениците  за да  ги праша дали и тие  накитиле…

Одговорите сигурно ја израдувале, бидејќи  новогодишната еуфорија веќе е започната. Празниците доаѓаат, па како и познатите така и сите луѓе си ги украсуваат домовите

бидејќи сите уживаат во празничната атмосфера.

 

фото: printscreen/instagram

To top