Мегафон

Д-р Чибишев: Загадениот воздух во Македонија значително ги надминува безбедните нивоа, што предизвикува сериозни здравствени последици

Д-р Чибишев: Загадениот воздух во Македонија значително ги надминува безбедните нивоа, што предизвикува сериозни здравствени последици

Професоре Чибишев, како би ја оцениле состојбата со загадувањето на воздухот во Македонија, особено во Скопје?

За жал, ситуацијата е крајно сериозна и алармантна. Кај нас, загаденоста на воздухот достигнува ниво кое значително го надминува она што Светската здравствена организација (СЗО) го смета за безбедно. Македонија е на врвот во Европа по концентрацијата на ПМ честички во воздухот, а тоа е директно поврзано со бројни здравствени последици. Долготрајната изложеност на загаден воздух не само што предизвикува респираторни заболувања, туку доведува и до зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, мозочни удари и дури и појава на малигни тумори.

Што точно предизвикува вакви сериозни здравствени последици кај граѓаните?

Секојдневното вдишување на ПМ честички, јаглероден моноксид, азотни оксиди, сулфур диоксид и тешки метали како олово и жива, го оштетуваат респираторниот систем и го ослабуваат имунитетот. Овие токсини, кога ќе стигнат во организмот, предизвикуваат хронични воспаленија, кои на краток рок можат да доведат до бронхитис и астма, а на долг рок – до сериозни заболувања на белите дробови, како емфизем. Кардиоваскуларниот систем исто така страда: загаденоста на воздухот го намалува снабдувањето на мозокот и срцето со кислород, што значително го зголемува ризикот од срцеви и мозочни удари.

Како загадениот воздух влијае на децата и повозрасните лица, кои се сметаат за најранливи категории?

Кај децата, изложеноста на загаден воздух предизвикува не само хронична кашлица, туку и го нарушува развојот на нивниот имунолошки систем. Кај постарите лица, пак, ваквата изложеност ја влошува состојбата на постоечките хронични заболувања и го зголемува ризикот од сериозни респираторни и кардиоваскуларни компликации. Неврологичките проблеми, како когнитивни пореметувања, мемориски загуби и дури појава на невродегенеративни болести, исто така се поврзуваат со долгорочната изложеност на загаден воздух.

Што можат граѓаните да направат за да го заштитат своето здравје?

За жал, граѓаните не можат да го решат сами проблемот со загадениот воздух, но можат да преземат одредени мерки за минимално да го намалат своето изложување. Препорачувам да избегнуваат физичка активност на отворено во периоди кога концентрацијата на загадувачи е висока, да користат маски, како КН95, и да задолжително да се набават прочистувачи на воздух во затворените простории каде ситуацијата е дополнително посложена. Граѓаните треба да бидат свесни дека воздухот и во затворените простории е 5 до 10 пати позагаден од надворешниот. Многу е важно да се употребуваат квалитетни прочистувачи за воздух. Тие се одлична прва линија на одбрана од загадувањето во домот, бидејќи висококвалитетните прочистувачи на воздух успеваат да филтрираат до 99.9% од штетните честички и гасови. На пазарот постојат прочистувачи со сомнителен квалитет, кој не ги задоволуваат елементарните критериуми. Еве, за ваша референца, кога зборуваме  за овие уреди, прочистувачи за воздух што го користиме во мојот дом е од реномираниот германски производител Mann & Hummel, има капацитет од 500m³ воздух  на час и е на ниво на филтрација според медицинските стандарди.

Дали сте запознаени со новите владини напори за намалување на загадувањето на воздухот?

Да, запознаен сум и ги поздравувам долгорочните планови на Владата за оваа цел. Владата веќе разви стратегија за намалување на загадувањето, која, по долга пауза, конечно започна да се имплементира. Премиерот најави дека се очекува загадувањето да се намали за 60% во наредните три години, но за тоа е потребен период на реализација. Исто така, Министерството за животна средина ги интензивира активностите за чист воздух преку зелени проекти и контролирање на индустриските емисии. Тоа е чекор напред кон подобрување на квалитетот на животот, но исто така е важно секој граѓанин да преземе мерки за заштита во меѓувреме.

Има ли добри примери од практиката во заштита на здравјето од загадувањето на воздухот?

Неколку училишта во општина Кисела Вода веќе се опремени со прочистувачи на воздух, кои ефективно ги намалуваат ПМ честичките и токсичните гасови во просториите, достигнувајќи ниво на чистота споредливо со она во медицинска операциона сала. Овие примери се многу позитивни и докажуваат дека со правилна опрема можеме да го заштитиме здравјето на децата и наставниот кадар. Чистиот воздух е основно право на секое дете и секој ученик. Овие добри практики треба да се поддржат и во други училишта и јавни институции, со цел да им обезбедиме на децата чиста и безбедна средина за учење и развој.

Што би им порачале на граѓаните?

На секој граѓанин би му порачал да преземе што е можно повеќе превентивни мерки за заштита од загадениот воздух. Прочистувачите на воздух се одлична инвестиција во здравјето на секој дом, особено во региони како Скопје, каде загадувањето е сериозен ризик. На крајот на краиштата, чистиот воздух не е луксуз, туку основно право и неопходност за здрав и квалитетен живот. Со прочистен воздух и подобра заштита, секој дом може да стане сигурна зона за дишење.

To top