Љубителите на џезот и латино ритмите ќе имаат ретка можност да уживаат во вистински музички спектакл! Националниот џез оркестар на 20 февруари со почеток од 20 часот во Македонската филхармонијата ќе го одржи концертот „Кубански оган“ (Cuban Fire), инспириран од легендарниот албум на Стен Кентон.
Овој концерт нуди уникатна фузија на биг-бенд музиката со страствените кубански ритми, создавајќи енергична и кинематографска музичка атмосфера. Репертоарот ќе опфати некои од најзначајните композиции на Кентон, а оркестарот ќе биде предводен од реномираниот австриски диригент Зиги Фајл – долгогодишен пријател и соработник на македонските џез музичари.
Билетите за ова незаборавно џез-патување низ Куба се достапни онлајн на Мк Тикетс и на нивните продажни места. Не го пропуштајте ова вечер исполнето со жешки ритми и беспрекорна џез интерпретација!