Ќе ви требаат:
пакет тортиљи
200 гр шунка
200 гр сирење
100 гр кулен
100 мл пелати или кечап
оригано
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Намачкајте ја тортиљата со кечап, па додајте ги останатите состојки. Потоа завиткајте ја и исечете на прстени. Се редат на плех обложен со хартија за печење, па се посипуваат со рендано сирење. Печете 10 до 15 минути во загреана рерна на 200 степени.
извор:popara.mk
фото:Freepik







