Живот и стил

Брз мус од бело чоколадо! Слатка симфонија на вкусови на која е тешко да одолеете

Брз мус од бело чоколадо! Слатка симфонија на вкусови на која е тешко да одолеете

Овој рецепт за чоколаден мус со крем сирење ќе го задоволи вашиот апетит за слатко со минимален напор!

Состојки:

половина чаша слатка павлака
половина чаша сечкано бело чоколадо
120 гр крем сирење
лажица шеќер во прав
половина лажичка екстракт од ванила
прстофат сол
малку чоколадо

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака во тврд шлаг. Белото чоколадо растопете го на пареа, па измешајте со ванилата и малку сол. Крем сирењето со шеќер во прав се мати со миксер, па се додава во шлагот, заедно со белото чоколадо. Сè убаво соединете со шпатула, распоредете го во чаши за сервирање, изладете го во фрижидер, посипете со рендано чоколадо или чоколадни трошки и послужете.

Уживајте!

Извор: Курир.мк

To top