Тоа е најновата позитивна вест во движењето кон порамномерна одговорност за контрола на раѓањето, која историски во голема мера се потпира на жените.
Во декември 2023 година, група Британци станаа првите во светот кои пробаа машки контрацептивни пилули развиени во САД за две децении – и за разлика од женската верзија, таа не содржи хормони и нема несакани ефекти.
Тоа е најновата позитивна вест во движењето кон порамномерна одговорност за контрола на раѓањето, која историски во голема мера се потпира на жените.
Група од 16 доброволци во клиниката во Нотингем учествуваа во тестирање на лекот наречен ИЦТ-529, за да се види дали лекот може да го запре производството на сперма.
Пилулата делува така што го исклучува протеинот во телото наречен рецептор алфа на ретиноична киселина (RAR-алфа) со тоа што го спречува да се врзе за форма на витамин А. Ова, се надеваат научниците, би требало да го запре производството на сперма во тестисите – и може лесно да се прекине ако мажите одлучат дека се подготвени да имаат деца, пишува Daily Mail.
Истражувањата покажуваат дека околу една третина од сексуално активните мажи во Британија би можеле да размислат за земање машка верзија на апчињата. Во моментов, нивните опции се ограничени на апстиненција, кондоми или вазектомија. Други машки апчиња кои се тестираат користат хормонски агенси кои го потиснуваат тестостеронот за да го спречат производството на сперма.
Сепак, тестостеронот не го запира целосно производството на сперма и исто така е поврзан со сериозни несакани ефекти како што се зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, како и зголемување на телесната тежина, појава на акни и промени во расположението.
Иницијативата за машка контрацепција, која инвестираше во развојот на новата пилула, ги поддржува напорите за развој на нови методи за контрола на раѓањето.
-Првата студија за машки контрацептивни таблети без хормони е долгоочекувана пресвртница и значаен успех во потрагата по репродуктивна автономија, вели извршниот директор Хедер Вахдат.
фото:Freepik