Музичката ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ се сопственици на јахта вредна 6.000.000, на која летово не потрошиле време, за разлика од претходните.
Имено, тие двајцата оваа година поминаа на мала јахта, најмногу уживајќи на хрватското приморје, додека оваа година ниту за малку не се симнаа во Црна Гора.
Тамошните медиуми споделија дека дека Брена оваа година решила јахтата да ја претвори во бизнис.
Дали поради кризата, или којзнае што, Брена и Боба решија да ја продадат својата луксузна јахта долга 30 метри.
Така, се нашла на веб-страница за изнајмување на луксузни јахти, па цената е 65.000 евра за неколку месеци во сезоната.
Според сајтот, јахтата можете да ја изнајмите во вонсезона, односно од октомври до април, по нешто пониска цена, за околу 60.000 евра.
Иако се шпекулираше дека Брена ја продала јахтата, тоа да не е вистина, бидејќи на 14 август јахтата била закотвена во една од најлуксузните марини на црногорското приморје.
Јахтата има шест спални соби, а една од нив има дури и сопствена бања. Дека Брена и Боба се грижеа за секој детал говорат и брендираните пешкири кои се во иста боја како и плочките. Секако, тука е и големата дневна соба, мермерна маса и огромен телевизор.
instagram/lepa brena /facebook/miroslava pojuzina