Радио Милева на високи потпетици

Бремената Александра Пријовиќ првпат во јавност по радосната вест (фото)

Бремената Александра Пријовиќ првпат во јавност по радосната вест (фото)

Пејачката Александра Пријовиќ во јануари објави дека е бремена, по што се повлече од очите на јавноста, па до синоќа јавноста немаше можност да види како изгледа убавата пејачка. додека е бремена.

Имено, Пријовиќ синоќа се појавила на 61-виот роденден на Жика Јакшиќ, а со својот изглед ги воодушевила сите.

Бидејќи е во првото тромесечје од бременоста, пејачката не се променила многу, но трудничкиот стомак се забележува.

Александра за синоќешниот настан избрала целосно црн аутфит, широки панталони и палто, а иако е бремена се одлучила за високи потпетици.

Фотографиите од бремената Александра Пријовиќ можете да ги погледнете тука.

Пејачката синоќа не била расположена за изјави, но претходно изјави дека посакува да има девојче.

– Би сакала девојче. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и сè да биде како што треба. Но, кога би можела да бирам, би сакала девојче – искрено изјави тогаш Александра.

Откако српските медиуми објавија за нејзината бременост, се огласи и пејачката.

„Точно е, бремена сум. Ви благодарам на честитките“, накратко изјавила за „Блиц“.

Ова ќе биде нејзино второ дете со сопругот Филип Живојиновиќ. Александра и Филип го добија синот Александра пред шест години, на 6 март 2019 година.

фото: printscreen/instagram/aleksandraprijovic

To top