Обожавателите на Тејлор Свифт се огорчени откако ја виделе фотографијата од бебе кое лежи на подот на арената за време на еден од концертите на пејачката во склоп на „Eras Tour“ во Париз.
На платформата „Х“ е објавена фотографија на која се гледа како бебе спие на подот во стоечкиот дел на „La Defense Arena“ и лице кое стои над него.
Објавата предизвика стотици негативни коментари.
„Искрено би повикал обезбедување ако видам бебе на подот бидејќи таму НЕ е безбедно“, „Како мајка на бебе, не можам да замислам да го однесам на концерт. Барем бебето треба да биде во носилка и да има заштита за уши“, „Како можеле воопшто да помислат дека е добра идеја да се донесе бебе на настани како овој“, „Доколку случајно дошло до итен случај и сите морале да се евакуираат, тоа бебе ќе било прегазено“, „Ова е болно и неодговорно“, се дел од коментарите.
View this post on Instagram
Претставник за „La Défense Arena“ изјавил за „Page Six“ дека „општите услови за продажба наведуваат дека сите малолетници кои имаат билет за концерт во париската арена La Défense мора да бидат придружувани од возрасна личност. Децата помлади од 18 години остануваат под одговорност на нивните законски старатели, тоа е правилото на местото. За родителите кои биле со мало дете бил предложен алтернативен распоред за седење, но тие го одбиле“.
извор:Instagram printscreen/ taylorswift/ X