Радио Милева лажен исказ или лажни пријател(к)и?

Боки 13 во подкастот кај Лазаров: „Лила не би ја ни плукнал, зашто мојата плунка е повредна од сета нејзина мизерија, а Мелита јас ја инволвирав во А1 откако од Сител ја избркаа заради секс скандал“

Боки 13 во подкастот кај Лазаров: „Лила не би ја ни плукнал, зашто мојата плунка е повредна од сета нејзина мизерија, а Мелита јас ја инволвирав во А1 откако од Сител ја избркаа заради секс скандал“

Боки 13 во вечерашниот поткаст „Лазаров“ покрај сета политика, конечно проговори и за некогаш своите најверни и најблиски пријателки, Лила Филиповска и Мелита Ракичевиќ, кои сега ги смести меѓу  своите лажни пријатели.

Поранешниот шоумен  изнесе сериозни обвинувања за најдолговечната и најпозната ТВ водителка со која во минатото беа неразделни. Боки кажаува дека Лила заедно со него, со Сергеј Варошлија, Анета Кочишки и извесен Тони тргнуваат на одмор на Миконос, со кој тој треба да ги чести, кога на граница  ќе биде уапсен. Претходно на ова во кафеана реагирал неговиот татко Миле кој се побунил кого се’ неговиот син  носи на одмор, чести и му плаќа… За што Боки сега тврди дека татко му бил во право.

„Сакам да знаете дека јас за таа Лила Филиповска сум направил многу, а истата го има наместено Сергеј со полиција. Го има наместено Сергеј Варошлија во еден кафиќ тука во Центар во близина каде што Сергеј живее… Пред сосема да исчезне и да ги блокира моите родители, односно мајка ми… Божем наводно ѝ забраниле да комуницира со моите, а до тогаш јадела, пиела, спиела, носела ташни и се’ тоа што носела од мене…Каква мизерија е тоа“ –  ја обвини Лила, Јовановски.

Лазаров го праша како тоа го наместила Сергеј со полиција, тој одговори:

„Така, со агент провокатор го повикала Сергеј да се видат… Сергеј видно вознемирен отишол потоа кај мајка ми… Лила почнала да го прашува и да го испитува за случајот, за тоа каде завршила торбатаа го прашувала Сергеј. Притоа во тој момент во празното кафуле седнува само уште еден човек од каршија, блиску до нив… Таа тоа го прави за да тргува за својата позиција, местејќи не нас“.

„…Кога дојде во суд и кажа дека повеќе не ми била пријател… Ти бе госпоѓо тргна со мене на одмор, што се промени?“- кажа тој мислејќи на патувањето на Миконос кога беше уапсен на граничниот премин.

Потоа Боки изјави дека нема намера да го спушта нивото и да ѝ ги открива приватните тајни, велејќи дека знае колку е наводно лоша, злобна и погана…!

„Јас не сум насилен човек, никогаш не сум ни бил, но не знам што би и направил кога би ја сретнал?! Не би и кажал ништо… Не би ја ни плукнал, зашто мојата плунка е повредна од целата нејзина мизерија!“

Тој во поткастот кажа и дека: „Лила  сега џабе ја експлоатира нејзината болест, џабе и се сите нејзини фоловерси кога е  малодушна…“ – резимираше Боки околу односот со бившата пријателка.

Што се однесува до екс водителката и скопска трендсертерка Мелита Ракичевиќ, Бојан Јовановски кусо кажа дека го гледал нејзиниот настап при гостувањето во истото ова поткаст шоу кај Лазаров:

„Таа гостуваше кај вас, од затвор бев во болница па можев да  гледам и се забавував со вас… Мелита имаше некакви погрдни зборови кон мене, но јас не забележувам бидејќи тоа е лично право на секој поединец како сака да го доживее некого, само да не зборува глупости и невистини. Но, тоа е лична одговорност во прашање…

Нејзе ја избркаа поради секс скандал од Сител телевизија, којшто го имаше во тоа време, мене ми стана жал, јас и се јавив и јас ја инфилтрирав во А1 ТВ, јас ги споив со Хеди Рамковски, рече Јовановски меѓудругото во синоќешниот петчасовен поткаст кај Стефан Лазаров.

Целото гостување на Бојан Јовановски алиас Боки 13 во поткастот на Стефан Лазаров можете да го гледате на СЛЕДНИОВ ЛИНК.

Фото: Инстаграм и „ЈуТјуб/melitameli/lilafilipovska/lazarovpodcast/

 

To top