Харис и Мелина Џиновиќ решија да стават точка на бракот по 22 години заеднички живот. Во исто време, од затвор излезе и Боки 13, а сега македонскиот шоумен и фолкерот се сретнаа на вечера во македонската престолнина.
Имено, Бојан Јовановски, сподели фотографија на која насмеан позира со Џиновиќ, а во описот на објавата додаде:
„По пауза од 10 години, повторно се дружам со мојот драг пријател Харис. Пријатна вечера и разговор. Бесценети моменти“ – напиша Боки 13 во описот на својата објава.
Да потсетиме, Бојан Јовановски или Боки 13 неодамна излезе од затвор каде што беше четири и пол години, а повеќе за тоа проговори неодамна двете продолженија на поткастот кај Лазаров.
„Преживеав голгота која ретко кој може да ја поднесе. Физички изгледам здраво, но имам проблем со внатрешните органи, може наеднаш да се разболам, немам цел орган, примам терапија. Бев на 20 минути од смртта, каде што мораа итно да ме оперираат. За време на муабетов морам да направам две-три паузи за јадење, треба да јадам по малку на секои два-три часа. Некои делови од телото ми се деформирани од терапијата. Без разлика низ што сум поминал, морам да ја поздравам одлуката на судот. И дека кога ме оперираа добро ме чуваа“ – изјави Јовановски во еден од поткастите.
Фото: Инстаграм/boki13official