Некогашен твитерџија чии статуси ја брануваа јавноста, а политичарите се тресеа да не се најдат прозвани во некоја од неговите најнови дневни објави.
Подоцна стануваа граѓански активист предводејќи ги протестите на иницитијативата „За заедничка Македонија“ во 2017 годинакои како повод ја користат т.н. „Тиранска платформа“, декларацијата на политичките партии ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса, потпишана во Тирана со посредство на албанскиот премиер Еди Рама.
На 27 април 2017 година поддржувачите на здружението прават упад во Македонското собрание со цел да го спречат нелегитимниот избор на Талат Џафери за собраниски претседател.
Тој заедно дел од групата која го прави упадот подоцна ќе биде уапсен и меѓу останатите заедно со режисерот Борис Дамовски, оперскиот пејач Игор Дурловски и актерот Владо Јовановски ќе бидат обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението тие се товареа дека на протестите со потпалувачки говори го потпалувале народот!
По една и пол година лежење што во затворските зандани, што во домашен притвор, заедно со Борис Дамовски и Владо Јовановски три дена пред Новата 2019 година ќе биде амнестиран за настаните од 27 април, со одлука на Кривичниот суд.
По излегувањето на слобода ја обзнанува врската со сега неговата сопруга, новинарката и ТВ водител Анастасија Деа Богданоска, сега Илиевска, а како плод на нивната љубов денес се двете дечиња, ќерката Дениција и синчето Раде.
Познат по својот прекар „Бетмен“ кој потекнува од неговите твитерџиски денови кога го користеше псевдонимот „Бетмен велит“, охридскиот лилјак Богдан Илиевски денес е ТВ лице кое има свое вечерно политичко ток шоу на ТВ Алфа.
За најновиот конфликт со раперот Слаткаристика и сите упатени обвинувања, за неговите национални убедувања и политички ставови, за неговата твитерџиска кариера, за политичкиот активизам и љубовта кон татковината Македонија, за пресудата, затворските денови, скришната љубов со саканата, родниот Охрид и преселбата во македонската престолнина, за политичкото шоуто и неговиот ТВ ангажман…
И за уште многу други работи ќе слушнете од прва рака што Бетмен (ги) Велит, откако Богдан Илиевски беше на гости во интер ток шоуто „Ништо лично“, лице в лице со домаќинот Антонио Димитриевски.
Ако сте ја гледале премиерата која оди секоја СРЕДА, во 20 часот на YouTube каналот на КурирМК (, овој поткаст сигурно ќе го гледате барем уште најмалку еднаш. Но доколку сте ја пропуштиле, погледнете го интер ток шоуто кое ви ја открива душата на лицето зад маската на охридскиот Бетмен со скопска адреса…