Мегафон

Бог се јави: Православните верници го слават Богојавление-Водици

Бог се јави: Православните верници го слават Богојавление-Водици

Православните верници денеска го одбележуваат еден од најголемите зимски верски празници – Богојавление, познат и како Водици. Празникот има длабока духовна симболика и традиционално е поврзан со обредите на осветување на водите и положување на светиот крст.

Според христијанското предание, на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Богојавление се слави уште од вториот век, а во православната традиција е поврзано со големиот водосвет што го извршува црквата.

И годинава ќе се продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Во реките се симболично се положува светиот крст, а верувањето е дека оној кој ќе го фати ќе ја има Божјата благодат, среќа и напредок во текот на целата година. Обредот претставува и симболично соединување на човекот со Христа.

Богојавление – Водици се празнува во сите епархии на МПЦ–ОА, како и во православните цркви низ светот што го следат Јулијанскиот календар. Традицијата вели дека по положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

фото: Freepik

To top