Како што се приближува финалето на „Ѕвездите наГранд“, сè погласни се шпекулациите за тоа каде ќе се емитува шоуто од септември, но и кој ќе биде во жирито во новата сезона. Во јавноста се појавија и информации дека на Марија Шерифовиќ ѝ е здосадено од судењето и улогата на ментор, и дека нема да го обнови договорот, и дека Сања Вучиќ ќе ја преземе нејзината улога.
Пејачката, која повремено ја заменуваше Марија во претходните сезони, негираше дека таа се согласила на траен ангажман.
– Повремено ја заменувам Марија на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, не сум постојано во жирито. Тоа е секако прекрасно искуство, благодарна сум што имав можност да бидам дел од тоа музичко шоу – рече Сања Вучиќ.

Иако гледачите реагираа исклучително позитивно на нејзиното присуство, а многумина веруваат дека таа би била одлично дополнување на постојаната екипа, се чини дека официјална одлука сè уште не е донесена.

– Аудициите се одржани, новата сезона започнува кон крајот на септември или почетокот на октомври. Она што го знам е дека луѓето од продукцијата ќе разговараат со членовите на жирито пред финалето за продолжување на нивните договори. Колку што знам и гледам, сите се подготвени да продолжат – изјавил Ѓорѓе Давид за Информер.
фото: printscreen/instagram





