Радио Милева успешно пренесен ген

Благица е легенда, Антониа – поп ѕвезда, Џокер и сопруг и рапер, но сепак тој им го украде шоуто: „Чукај, чукај срце, ама неговото изгледа дека чука во 7/8-ини?!“

Благица е легенда, Антониа – поп ѕвезда, Џокер и сопруг и рапер, но сепак тој им го украде шоуто: „Чукај, чукај срце, ама неговото изгледа дека чука во 7/8-ини?!“

Антониа Гиговска откако најпрвин држеше во тајност, па  неколку дена пред да излезе во етерот го најави дуетот со Благица Павловска, конечно го промовираше спотот за заедничката песна, кој всушност е нова верзија на најголемиот хит легендарната фолк пејачка, „Чукај, чукај срце“.

На стариот хит се надоврзале и нови стихови, нов аранжман, нова вокална линија, малку рап од сопругот на младата поп ѕвезда – Џокер… И ете ти потенцијален хит! Барем за повеќето, зашто има и такви кои во своите коментари тврдат дека со новата верзија ја упропастиле песната!? Всушност кој како гледа на нештата, некој е по традицијата, а некој повеќе по трендот.

Но, она што е сигурно е нешто сосема трето. Факт е дека Благица е легенда, Антониа – поп ѕвезда, Џокер и сопруг и рапер, ама сепак во истиот момент, некој друг им го украде шоуто… Од новата верзија на старата песна кој како и да ја доживува – нема зијан, но оној што е „нова ѕвезда што се раѓа“ не се ни тато, ни мама, туку синчето Киан!  Уште е малечок, па не е така вешт со инструментот, на кој својски се труди да свири без да фаќа кривини…  „Чукај, чукај срце, ама неговото изгледа дека чука во 7/8-ини?!“

Барем така звучи и натаму некако одат работите, зашто малечкиот како што се гледа од приложеното е роден естраден уметник од петиците до главата, па уште во старт на родителите се потруди да им ја украде славата! И тоа само со некоилку проби, за што најзаслужен е секако, дедо Боби!

Уште пред некое време видовме како на својот внук му држи часови, а овој веднаш му возврати со прва диплома како најмалиот меѓу фестивалските асови на Фестивалот-култуно натпреварување на изворни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“!

А, ниту малечкиоит Киан, ниту неговиот млад и познат дедо Боби не можеа да одолеат, да ја пропуштат приликата, зашто традицијата вели дека неколку поколенија наназад, главен инструмент во семејството е хармониката.

А има ли поголема радост кога најмладото момче со хармониката в рака на својот прв јавен настап ќе се претстави со „Македонско девојче“!

Епа… „Чукај, чукај срце“… и тоа од среќа најсилно, но сосема спокојно… Зашто, како што покажа денот, се гледа каде фатил генот!

 

Фото и видео: Инстаграм/jokerdam93/spasencovskibobi/antoniagigovskaa

 

To top