Поранешното момче на Цеца Ражнатовиќи екс сопруг на манекенката Зорана Тасовац, сега актуелна долгогодишна девојката на пејачот Саша Ковачевиќ, менаџерот на угостителски локали Богдан Срејовиќ и поранешната ријалити учесничка во „Задруга“, мисицата Јована Љубисављевиќ, се свршија во тајност, а сега планираат голема прослава по повод тој чин.
Прво се венчале во манастирот Грачаница, кога се дознало дека Јована е во блажена состојба и двојката чека машко чедо, а венчавката ја обавиле во најтесниот круг на семејството и блиските пријатели. Тогаш сите мислеа дека нема да има свадба, но сепак голема веселба ќе има, а невестата веќе тргнала да бара торта. Јована тоа го потврди со нова објава на социјалната мрежа Инстаграм, кога ги замоли своите следбеници да и препорачаат да најде мајстор за торта. Во објавата таа додаде емотикон на невеста и младоженец, колачи и смајли што плаче од среќа.
Да потсетиме, Јована Љубисављевиќ по венчавката и откри на јавноста дека е во друга состојба. Неодамна со Богдан правеа и забава на која го открија полот на бебето.
– Љубовта раѓа љубов – напиша Јована со натпис: „Бебето е на пат“. Потоа сподели видео од забавата за откривање на полот, кога открија дека се работи за син.
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/ljubisavljeviceva