Модната дизајнерка Билјана Типсаревиќ и сопругата на познатиот српски тенисер Јанко Типсаревиќ, по породувањето мака мачеше со вишокот килограми.
Имено, покрај ќерката Емили, Билјана и Јанко во 2020 година го добија синот Ноа, а таа за време на бременоста се здебели 30 килограми.
По породувањето Билјана побарала помош од нутриционистите, а еднаш откри како успеала да постигне совршена фигура и да изгледа двојно помладо во 40-тите.
– Следам нутриционистички план, морав да се откажам од работите што навистина ги сакам. Се откажав од моите тајни задоволства заради витка линија, а мојот сладок грев се пецивата и лебните работи – рече Билјана и додаде што избегнува за да има завидна фигура:
– Имам појадок, ужина, ручек и вечера. Со тоа што често ја прескокнувам вечерата или не јадам после 18 часот, освен ако не одам во ресторан со сопругот, пријателите или на некоја прослава. Пијам многу сокови за детоксикација и вода. Со оглед на тоа што ги губам килограмите добиени во бременоста, морам да бидам крајно внимателна што јадам, па затоа се трудам воопшто да не консумирам шеќер – изјави тогаш таа за магазинот „Стори“.
Диетата на Билјана Типсаревиќ даде сериозни резултати, а модната дизајнерка истакна дека на почетокот и било многу тешко.
фотo: print Screen/instagram/biljanatipsarevic