Билјана Јаневска е позната како некогашна манекенка, мисица, модел и екс ЛДП политичарка, денес со факултетска диплома во џебот и општинска партиска функција. Позната како „мисицата од Дрисла“ зашто од пред неколку години работи токму на најпознатата скопска депонија, како магистер за управување со отпад.

Младата атрактивна убавица покрај бројните обврски сепак и годинава успеа да најде време за малку одмор. За темнеење на тенот, уживање во слободата на денот, акумулирање на витамин ДЕ, опуштање и пуштање на „мозокот на пасење“ – што би рекле во жаргон. Но и за покажување на она што како телесен раскош од мајката природа и е подарено и од Бога дадено.

Дестинацијата ова лето малку странска, малку домашна, убавицата од лична – полична, испружена како сирена на суво под сенките на песочната плажа, далеку од скопскиот смог, гужва и гњаважа, медитира и сонува… само за што или кого?
View this post on Instagram
Е, токму тука е прашањето, зашто на сите фотографии Билјана е сама. Нема машко покрај неа, иако се подразбира дека некој морал и да ја фотографира оваа дама, ама пак повеќето тврдат дека тоа не е ТОЈ, туку е во прашање или селфи стик или госпоѓа мама, со која убавицата често знае да летува!
View this post on Instagram
А таа досега откри и покажа се’… И како изгледа, каде работи, што вози… Се’, освен едно, па затоа и сите помислија дека на новото Инстаграм стори „мисицата од Дрисла“ како тргнала да ги покажува прстите на затворената дланка, ќе покаже и веренички прстен на својата рака!
Арно ама, работата да ти била поинаква, Билјана има нешто сосема друго за фалење. Маникирот и лакираните нокти на воланот, а не прстенот од вереникот! Зашто вереник по се изгледа се’ уште и нема?! Затоа, стварно нема смисла вака да и правите на „Мисицата од Дрисла“!
Ајде и ова ќе пројдде, а што е нејзино – кога-тогаш ќе си дојде. Единствено останува дилемата, дали многу пребира помеѓу едни и други, дали повеќе и се допаѓаат помлади, откачени и популарни ликови или повозрасни, посериозни типови? Можеби одговорот лежи во старото видео на „Браво Бенд“ со Милан Калиниќ за песната „Пуцај у срце“, каде Билјана Јаневска ја игра главната женска улога!
Фото и видео: Инстаграм/biljana_janevska







