Радио Милева посакува

„Би го дал целото мое богатство за еден час разговор со него“: Саша Поповиќ никогаш не ја преболел загубата на оваа личност

„Би го дал целото мое богатство за еден час разговор со него“: Саша Поповиќ никогаш не ја преболел загубата на оваа личност

Креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ е еден од најуспешните луѓе во светот на шоу-бизнисот, а она што е интересно е што никогаш не се „кревал“ поради овој факт, а сето тоа благодарение на родителите.

На тамошната јавност своевремено вака зборуваше за своите родители.

– Мајка ми одигра голема улога кога реков дека не сакам повеќе да учам. Татко ми беше навистина строг, а знаете каква е мајка ми, секогаш: „Не го допирај, те молам остави го, немој, тој сака музика“ – рекол Саша, а потоа додал:

-Кога ќе слушнам дека некој не разговара со своите родители, без разлика дали тоа е со татко му или со мајка му… Па не знам што би дал, целото мое богатство, ако може Господ да договори да разговарам со моите родители, особено татко ми, само еден час.

Поповиќ потоа откри и дека трудот, упорноста и дисциплината го доведоа до вртоглав успех, но и дека неговиот пат до врвот не бил воопшто лесен.

– Ја ставам таа хармоника на грб и одам од центарот на градот до куќата и плачам. И тогаш некој доаѓа и вели „што си суетен?“. Па, не сум суетен, само сакам да бидам подобар. Правиш емисија и се прашуваш како публиката ќе ја прифати, што ќе кажат гледачите, а тоа се некои од твоите стравови. Мислам, таа суета најмногу се чувствува кај пејачите. Секој пејач гледа што снимил другиот, како се облекувал, дали имал концерт, па велат „Ај што му пропадна концертот“ – рече тој, па нагласи дека најважно е да си свој:

– Кога ќе погледнете што правам денес и што правам во последните 20, 30 години, луѓето велат:
„А, што, ја упропасти музиката, вака и онака“. Знаете како, некои ве сакаат, а некои не и тоа е сосема во ред.

Фото: Print Screen/ YouTube

To top