Ако некогаш, пред да стане мајка беше посветена на своите модни и рекламни кампањи на станскиот пазар, па и учество на ревии од светски познати брендови, денес Катарина Ивановска повеќе е активна дома и во регионот.
Карирата како модел преднички пред онаа манекенската, но во ниеден случај не стагнира кога се ангажманите во прашање на убавата и згодна Македонка.
Периодов Катарина најчесто ја гледаме како модел кој презентира еден комерцијален бренд за аксесоари кој е доста присутен кај нас, а таа е лицето преку кое дамите можат да ги погледнат најновите модели на чанти.
Професијата на Катарина за некои навидум лесна, но таа не веруваме дека би го рекла истото ако не постои жарот и љубовта со кои ја работи. Часови и часови припрема, повторувања пред објектив, силно светло и секако многу шминка.
Затоа, кога Катерина нема работа, тогаш шминката може да остане во козметичката торбичка, а филтите кои се „must have“ во денешно време, за среќа нејзе не и се воопшто потребни.
Блескава чиста кожа, и природен изглед со кој таа е особено горда и без комплекс го покажува во крупен кадар.
Пример кој е реткост за припадничките на понежниот пол во денешно време, а Каратина Ивановска овој пат покажа дека најдобариот филтер во нејзиниот случај се вика самодоверба и редовна нега.
фото: Instagram printscreen/katarina_ivanovska