Мегафон џез фешта

Бесплатни концерти за Меѓународниот ден на џезот: Националниот џез оркестар организира голем џез фестивал на 30-ти април во Скопје

Бесплатни концерти за Меѓународниот ден на џезот: Националниот џез оркестар организира голем џез фестивал на 30-ти април во Скопје

По повод Меѓународниот ден на џезот, Националниот џез оркестар организира голем џез фестивал на 30-ти април во Скопје. Настаните ќе се одржат на две локации – паркот „Ибни Пајко“ и Македонскиот народен театар (МНТ).

Фестивалот започнува во 16 часот во паркот „Ибни Пајко“ со концертот „Џез за деца“, кој ќе понуди забавна и едукативна програма за најмладите љубители на музиката. Следува богата вечерна програма: од 18 часот на сцената во МНТ ќе настапи „Брајан Марсеља трио“ од САД, носејќи го американскиот џез дух на скопската сцена.

Во паркот „Ибни Пајко“, музичката програма продолжува со настап на квартетот на Бојан Цветковиќ од Србија од 19.30 часот, потоа со бугарскиот состав „Јојо бенд“ од 20.30 часот, а вечерта ќе ја заокружи квартетот на македонскиот џез музичар Христијан Ристески од 21.30 часот.

Влезот за сите концерти е слободен. Организаторите информираат дека, доколку времето не дозволи одржување на отворено, сите настапи ќе се префрлат во салата на Македонскиот народен театар.

To top