Водителката Бојана Лазиќ се фотографираше во лифт и ја објави на Инстаграм, а сите коментираа за нејзиниот стајлинг.
Имено, водителката носела бело мини здолниште и црни чизми, кои ги комбинирала со црна јакна, а комплиментите за нејзиниот физички изглед не престануваа.

Бојана важи за една од најатрактивните водителки, а нејзините објави на социјалните мрежи често се тема на разговор.
Имено, неодамна се зборуваше за тоа дека е цела оперирана, меѓутоа, вистината е дека имала минимални процедури на себе, а неодамна им објасни на медиумите дека имала операција само на градите и усните, и тоа одамна.

– Што се однесува до козметичките корекции, ги имам направено градите и усните, но одамна. Не сум направила ништо друго на лицето, луѓето едноставно мислат дека сум хируршки средена поради мојата руса коса, а се облекувам привлечно и носам повеќе шминка, но само така им изгледа на луѓето.
фото: printscreen/instagram







