Дејвид Бекам на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во долна облека, што воодушеви многу негови обожавателки.
Имено, се работи за реклама за брендот „BOSS“, а во коментарите се редеа пофалби за беспрекорниот изглед на поранешниот фудбалер.
View this post on Instagram
„Токму ова ми требаше“, „Вилицата ми е до подот“ „Ова е најдобриот ден во мојот живот“, беа дел од коментарите, а се огласи и неговата сопруга Викторија Бекам, која кратко напиша: „Мојот шеф“.
View this post on Instagram
Инаку, Дејвид често позира во слични изданија. На крајот од минатата година тој ги почести своите обожавателки со фотографија на која се појави без маичка, а тие му ја доделија титулата „најзгоден маж на планетата“.
Потсетуваме, Дејвид и Викторија присуствуваа на забавата која беше организирана во чест на катарскиот емир Тамим бин Хамад ел Тани во Бакингемската палата минатиот месец.
фото:instagram printscreen/ davidbeckham