Радио Милева неодоливи

Бебето на Андреа и Мартин „Некст тајм“ доби специјална дадилка со која се споија од прва (фото)

Бебето на Андреа и Мартин „Некст тајм“ доби специјална дадилка со која се споија од прва (фото)

Мартин од братското дуо „Некст тајм“ и неговата сопруга, ракометарката Андреа, се остварија како родители пред една недела, а фокусот на нивниот свет сега е само наследничката која го доби името Лиана.

Секој ден сега е влез во непознатото, чувство на убаво, преголема и неопислива љубов, но и многу предизвици и прашалници за тазе родителите.

Првите денови и месеци со бебе секогаш е добредојдена помош, особено од поискусните, а најчесто тоа се бабите кои со голема радост сакаат тие да бидат прва помош на мама и тато.

Па така, на гости во Скопје од Кичево дојде баба Соња, мајката на Андреа која покажа дека баба и внука веќе се пуштија во првата прошетка низ парковите во соседството.

Рака за помош и решавање на дилемите има од сите страни, ама малата Лиана уште од прв влез дома си доби и специјална дадилка – крзнената пријателка Блеки која  е миленичка на тато Мартин.

Блеки дури и кога дреме е позиционирана до бебенцето, па нема сомнеж дека се споиле од прва, а допрва доаѓаат нивините зеднички денови.

Тато Мартин е голем љубител на животните, но Блеки сега веројатно ги смени приоритетите кога улогите за тоа кој е главен се во прашање.

фото:Instagram printscreen/ bl.andrea

To top