Македонскиот пејач Адам Лабунски го чекаат среќни и исполнети денови. Со благослов од Бога, Адам за неколку месеци ќе се оствари во улогата на татко и ќе го добие своето прво дете.
Тој на својот Инстаграм преку специјално направено видео ја обзнани бременоста на својата сакана Јелена која е на почетокот од бременоста.
Адам и саканата среќни и насмеани трчаат на една полјана, а трудницата ја држи снимката како потврда дека најголемото нешто во нивниот живот доаѓа наскоро.
View this post on Instagram
За потсетување, Адам Лабунски и стана познат на јавноста за време на неговото учество од „Пинк Ѕвезди“ ,а потоа и на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ во 2019 година, кога од продукцијата го дисквалификува од поради недолично однесување и покрај неговите блескави вокални способности.
View this post on Instagram
Скандалите се лепеа за Адам и откако стана ријалити учесник во „Задруга 6“ каде остана цели шест месеци, но и таму не помина сјајно. На крајот беше испретен од учесниците со навреди и плукање… Целото тоа остана зад него, веријатно како еден лош спомен ,но искуство плус.
Кога е љубвниот живот во прашање, во 2020 година врската со тогашната девојка Џејлана Дачиќ ја донесе до ниво на свршувачка која се случи со запросување на Босфорот, но на крај нивната приказна не стигна до брак и беше заклучена како неуспешна.
Сега со новата избраничка Јелена, која е модна блогерка, нештата тргнаа со поинаков редослед. Првин бебе, а бракот веројатно ќе биде следната – втора фаза.
View this post on Instagram
Сега и засега во љубовта им цвета, а допрва треба да биде така со оглед на тоа дека убавите денови ќе се редат.
Честитики и со лесно!
фото:Instagram printscreen/ adamlabunski