Барбара Бобак долго време беше црна, а нејзината долга коса врзана во опавче речиси стана нејзин заштитен знак.
Сепак, пејачката одлучила дека е време за промена и решила да ги изненади своите обожаватели. Таа се предала во рацете на мејзината фризерка, а потоа резултатот го објави на својот Инстаграм.
На почетокот многумина мислеа дека е фотошоп, но Барбара ги демантираше:
„Не грижете се, не е фотошоп, само јас во мојата ера на Џесика Рабит“ – рекла сега црвенокосата Барбара.
Бобак синоќа имаше веќе еден настап, а фановите кои се фотографираа со неа се пофалија со фотографијата со црвенокосата Барбара.
Младата пејачка последниве месеци станува се попопуларна, па не е чудно што до крајот на сезоната ќе има речиси 40 настапи и ќе заработи повеќе од 200.000 евра.
Фото: Инстаграм/barbara.bobak