Во Национална опера и балет, на 26 март во 19:30 часот, ќе се одржи австриска вечер на камерна музика, под покровителство на Австриската амбасада.
Концертот е бесплатен.
„Ве покануваме на едно посебно музичко патување низ виенскиот музички свет на В.А.Моцарт, J.Хајдн и Ф.Шуберт, вечер исполнета со врвна уметност, елеганција и безвременска музика. Дозволете си вечер во духот на Виена. Ве очекуваме!“, велат од НОБ.
фото:facebook/Nacionalna opera i balet – National Opera & Ballet







