Пејачот Аца Лукас и неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ заедно поминале викенд во Италија.
Тие заминале на одмор во Милано, а по пат им пукнала гума поради што пејачот морал да побара помош бидејќи немал резервна гума.
И покрај тоа што се разведоа пред неколку години, не им било проблем да заминат заедно во Милано, а причина за патувањето бил роденденот на Соња.
– На патувањето отидоа со автомобил, беа во Милано. Ова докажува дека нивната врска е добра, инаку веројатно немаше да патуваат сами на викенд во Италија… Нејзиниот роденден беше и сакаше да го прослави во Германија, но пред тоа тие двајца беа сами за таа прилика – изјавил изворот на тамошните медиуми.
– Им пукна гумата додека возеле, морале да повикаат помош бидејќи Аца немал резервна гума во автомобилот – изјавил извор за Телеграф.
фото: printscreen/instgaram