Радио Милева тело вретено

Антониа Гиговска за сефте во бикини, ама наместо на плажа се соблече во теретана (фото)

Антониа Гиговска за сефте во бикини, ама наместо на плажа се соблече во теретана (фото)

Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски алијас Џокер заминаа сами на ран одмор во Хрватска. Времето не баш им се погоди, но со сонце или облаци секој период е убав за релаксација и уживање на Јадранот.

Работно или приватно, најдобро знаат самите, но јасно е дека барем Антониа во Ровињ беше поканета да присуствува на специјалната вечера на престижниот светски бренд Ив Сен Лоран кој промовираше нова линија производи козметика.

Пред да ја покаже намерата на патувањето, пејачката најпрвин го покажа сместувањето во хотел веднаш до обалата, а не сакајќи да избега од својата дневна рутина, таа реши да ја посети хотелската теретана.

Во дилема дали да се сонча или вежба, се реши на третото – да се слика.

Се соблече во мини бикини и покажа дека и пред стартот на летната сезона, таа е во топ форма од своето тело вретено.

Да потроши уште малку време слободна и без мајчински обврски, следно се стегна во ултра тесно фустанче и позираше на хотеската тераса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

А кога падна ноќ, дојде време за ексклузивната вечера на Сен Лоран за каде таа и сопругот се стокмија во пар и почнаа со позирање уште во лифтот.

Ова им е прво заедничко патување во Хрватска, а веројатно за првпат и сами откако станаа родители.

Она за дали им се погоди времето на море, „паѓа во вода“ затоа што за Тониа и Џокер, патувањето во Хрватска е полн погодок.

фото:instagram printscreen/ antoniagigovskaa

To top