Радио Милева емотивна

Антониа Гиговска објави емотивна фотографија со специјален повод: „Најсреќен, тата“ (фото)

Антониа Гиговска објави емотивна фотографија со специјален повод: „Најсреќен, тата“ (фото)

Македонската пејачка Антониа Гиговска на нејзиниот сопруг, музичарот Роберт Спасенцовски, јавно му го честиташе роденденот со емотивна фотографија на која позираат заедно со синчето Каин.

Пејачката на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави досега невидена фотографија која ја направиле  летово додека уживале на плажата, а  сега ја одбра за овој специјален повод со цел да му честита.

„Најсреќен роденден тата, те сакаме !“  – напиша таа и  додаде емотикон  срце во сина боја и торта.

На емотивната фотографија во преден план е раката со тетоважа на Роберт со која цврсто ги држи Антониа и синчето.

Со нејзината објава  пејачката покажа колку се заљубени и веднаш го привлече вниманието на нејзините следбеници.

За потсетување , Антониа еднаш ја шокираше јавноста со една нејзина чудна мисла, која на прво читање асоцираше на нешто што никој не го посакува.

„Животот е прекраток за да бидете со некого кој не мисли дека сте најдобрата жена на светот“! – гласеше нејзиниот цитат.

Но, подоцна не остана имуна на шпекулациите кои почнаа да се шират па, веднаш реагираше:

-Роберт е прекрасен сопруг и татко. Нема потреба да се измислуваат приказни од мои сториња, посочи таа и даде до знење дека бракот е стабилен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @jokerdam93

Исто така не ретко знае да нагласи дека Роберт е грижлив татко, а тој пак во секоја прилика знае да сподели како го минува времето со наследникот додека мама Тониа има работа, вежба во теретана, се подготвува за настап или сл…

фото: print Screen/Instagram/antoniagigovskaa/jokerdam93

To top