Поп пејачот Дарко Илиевски кој веќе неколку години живее со семејството во Америка, неодамна за жал поради тажен и немил настан се врати во Македонија.
Имено, почина таткото на Даре, а тој токму пред крајот стигна да се поздрави за последен пат со својот родител.

Дарко откако се прибра емотивно, секако колку се може и не може по таква голема загубата, собра сили да застане пред камерта на „Бекстејџ“ и да зборува за тоа.
-За жал, почина татко ми. Јас стигнав од Америка во неделата, а тој веќе во понеделникот почина… Како да ме чекаше само да се поздравиме.
View this post on Instagram
Меѓудругото, тој успеа да зборува и за музиката, па дури да ги пофали и колегите, особено Антониа Гиговска за која кажа:
-Се видов со Антониа Гиговска и бев на настап, ме покани. Многу сум воодушевен, многу добро работи, браво. Такви таленти ни требаат во Македонија, мислам дека е на ниво што навистина заслужува еден уметник. Македонската музика поседува многу големи квалитети, во однос на вокали и луѓе кои се многу посветени на својата работа. Многу нови млади луѓе кои работат и оние старите веќе изградени артисти. Од однос на квалитет мислам дека го имаме доста, рече Дарко Илиевски за „Бекстејџ“
View this post on Instagram
По објавените видеа, следеше и реакција од Дарко кој и посочи на Гиговска дека за вакви комплименти му е должна сто евра, а таа без проблем прифати дека е должничка и се согласи со вака ниската цена.

-Антониа, 100 евра за рекламава си должна и порача тој јавно, а таа му врати:
-Фала на комплименти, договорено!
Инаку, Дарко Илиевски и на американска терирорија не се откажа од пеењето и љубовта кон музиката, па нашинците од дијаспората знаат понекогаш да се забавуваат на средбите каде тој пее.

Дарко со сопругата и двете дечиња кои му се родија таму, живее живот далеку од родната земја, но секогаш е достапен за македонската јавност и никогаш не останал во медиумска илегала.

Така беше и овој пат, кога најмалку очекувавме да го видиме јавно, тој застана и проговори пред камера, па и најтешкото се обиде да го моделира како знае и умее.
фото:Instagram printscreen/backstage_macedonia/antoniagigovskaa







