Вчаравечер во Скопје на едно место се собра голем дел од македонската естрада по повод 17 години роденден на магазинот „Убавина и здравје“, ама во исто време на скопските булевари се случуваше уште нешто интересно и возбудливо каде беа уште неколу естрадни имиња.

Познато е дека пејачката Тамара Тодевска обожава да биде зад воланот, па и не случајно таа нејзина пасија знае да биде дел од приказните на нејзините спотови.

Еден таков се снимаше и синоќа кога Тамара собра екипа познати фаци, едни на совозачко, други на задно седиште од автомобилот, а таа секако беше главна.

Се’ она што се случуваше го забележа Антониа Гиговска која враќајќи се од роденденската забава, забележа дека колешката снима спот, па откри што први Тамара Тодевска доцна во ноќата низ скопските булевари.
Видео од зад сцената имаме, а како ќе изгледа спотот и како ќе звучи новата песна на Тамара Тодевска останува да почекаме…
фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa/tamaratodevska





